Отворени денови од денеска до петок ќе се одржат на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ во Скопје. Манифестацијата која се одржува по шести пат почнува во 11 часот во амфитеатарот на Институтот, со поздравни говори. Д-р Марија Коробар-Белчева ќе има излагање „Еден непознат ракопис на Конески“, а следува промоција на свеска 14, том 3 од „Речникот на црковнословенскиот јазик од македонска редакција“ што ќе го промовира проф. д-р Димитар Пандев.
Проф. д-р Катица Топлиска-Евроска ќе ги промовира најновите изданија на Институтот. А потоа ќе биде отворена изложбата на Агенцијата за млади и спорт – „100 години Блаже Конески“. Ќе бидат изложени дела од годинашниот конкурс за млади уметници.

Утре во селото Љубојно во Преспа ќе се одржи 25. јубилејна манифестација „Денови на Благоја Корубин“. Во 10 часот почнува Меѓународниот научен собир „Благоја Корубин – втемелувач на македонскиот стандарден јазик. Јазикот во практиката“. Пред присутните ќе се обрати проф. д-р Снежана Велковска.

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Умно.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Умно.мк.