Отворен повикот „Таленти Сараево“ за млади филмски уметници и критичари од Македонија

Сараевскиот филмски фестивал ги повикува младите филмски уметници и филмски критичари од Југоисточна Европа да се пријават за програмата „Таленти Сараево“, што годинава ќе се одржува на тема ART/FICIAL. Можат да се пријават режисери, продуценти, актери, сценаристи, директори на фотографија, монтажери и филмски критичари од повеќе земји, меѓу кои и од Македонија.

„Таленти Сараево“ се одржува во рамките на 30. Сараевски филмски фестивал. Годинава ќе се одржи од 16 до 23 август.

Во своето 18-то издание, „Таленти Сараево“ продолжува да нуди богат избор предавања, модерирани од стручни разговори и интерактивни панел-дискусии и друго.
Пријавата е отворена до 8 март.  Повеќе информации на следниот линк.

Сподели