Отворен конкурсот за „Млад инженер на годината“

Инженерската институција на Македонија го објави конкурсот за избирање „Млад инженер на годината“. Пријавувањето е до 8 февруари, а е наменето за сите млади инженери до 35 години. Новиот „Млад инженер на годината“ ќе се избира според постигнатите инженерски резултати во 2025 година, лидерството и инспирацијата за младите, креативноста и иновативноста, споделувањето знаење, ангажирањето во заедницата и општествено и етичкото влијание на околината.

Наградата за победникот е платено учество на Европската конференција на млади инженери. Од сите пријавени кандидати, во потесна селекција ќе бидат избрани 5 лица за кои гласа Комисија на ИМИ и од нив се избира победникот. Комисијата брои најмалку 23 члена и е составена од претставници на Клубот на млади инженери, Клубот на носители на инженерски прстен, медиуми, студенти, професори, соработници на ИМИ, претставници од компании-партнери на ИМИ и јавни личности.

Свеченото прогласување на новиот млад инженер ќе се одржи во март, по повод Денот на македонските инженери. Лани признанието го доби Филип Попоски од Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје.

Пријавување на линкот.

Сподели