Отворен инфо ден за Академијата за UX/UI+ дизајн ќе се одржи онлајн вечерва, во 18 часот. Заинтересираните ќе може да се запознаат со школата и менторите кои индивидуално ќе го претставата секој модул. Предвиден е и дел за прашања и дискусија. Академијата ја организираат Институтот за дизајн и технологија – ИДТ Скопје и Школата за дизајн и уметност „Џолев и уметностите“.

– Академијата за UX/UI+ е уникатна програма, којашто го опфаќа целокупниот развој и дизајн на софтверски решенија базирани на веб покривајќи ги повеќето работни позиции: UX/UI дизајнер, WordPress и Front – End developer. Секој учесник на овој настан ќе добие ваучер со попуст и можност да аплицира за стипендиите поддржани од нашите партнерски компании – велат организаторите.

Инфо-сесијата е наменета за сите што сакаат да се преквалификуваат или доквалификуваат за да почнат кариера како UX/UI дизајнери, WordPress-програмери и Front-end програмери; лица што сакаат своето образование да го насочат кон технологија и дизајн со фокус на развој на веб–страници; лица кои имаат завршено технички факултети за информатички науки и компјутерско инженерство или се графички дизајнери и сакаат да го усовршат своето практично знаење за UX/UI и front-end development; лица кои имаат работно искутво во ИКТ–индустријата, но посакуваат да ги надополнат своите знаења или пренасочат својата професија кон веб–дизајн.

Повеќе информации за настанот и начинот на пријавување ТУКА.

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Умно.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Умно.мк.