Отворен е повикот за финансирање во рамките на програмата Еразмус+ во полето на образованието, обуката, младите и спортот.
– Дополнително, групи млади луѓе кои се активни во младинската работа, но не нужно во контекст на младинска организација, може да аплицираат за финансирање на мобилности за учење на млади луѓе и младински работници, активности за младинско учество и DiscoverEU акцијата за инклузија – велат од Национална агенција за европски образовни програми и мобилност.
Сите детали за повикот за аплицирање можете да ги видите на линкот.





