Отворен ден на УКЛО во Охрид

Отворен ден организира денеска Универзитетот „Св. Климент Охридски“ од Битола. Настанот ќе се одржи во Охрид на Факултетот за туризам и угостителство, а почнува во 12 часот со панел дискусија на која своите искуства ќе ги раскажат успешни студенти од УКЛО. Следува изложбен дел – ден за кариера, а ќе заврши со коктел музичка забава.

Во рамките на УКЛО функционираат повеќе единици – Економскиот факултет во Прилеп, Факултетот за биотехнички науки, Техничкиот факултет, Педагошки факултет, Висока медицинска школа, Ветеринарен факултет, Факултет за информатички и комуникациски технологии сместени во Битола, Факултет за туризам и угостителство во Охрид, Факултетот за безбедност во Скопје, Правен факултет во Кичево, Технолошко-технички факултет во Велес, и Научниот институт за тутун во Прилеп. Повеќе информации на линкот.

Сподели