Отворен ден за сите идни студенти ќе се одржи утре на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Настанот е наменет за матурантите и ќе се одржи онлајн преку платформата „Мајкрософт тимс“, а ќе почне во 10 часот со обраќање на ректорот, проф. д-р Никола Јанкуловски.
Ќе бидат презентирани студиските програми на факултетите, активностите на студентите, центрите за кариера. Матурантите ќе може да се запознаат одблиску со професорите и студентите, да прашаат сè што ги интересира за студиските програми, можностите за стипендирање, да ги слушнат искуствата на студентите, нивните активности и вклученост во научноистражувачките проекти. Идните студенти ќе ги дознаат можностите за меѓународна размена, за студентскиот живот, за практиканството, за кариерните можности.
Повеќе информации прочитајте ТУКА.





