Skip to content (Press Enter)
УМНО.МК

УМНО.МК

Уметност, наука, образование

  • Вести
  • Уметност
    • Култура
    • Културно наследство
    • Театар
    • Филм
    • Книжевност
    • Мултимедијални уметности
    • Музика
    • Сцена
  • Наука
    • Размисла
  • Образование
  • Луѓе
    • Здравје
  • Свет
    • Планета
  • Став
    • Коментар
    • Колумна
    • Писма
  • Умно
  • Умен поткаст
  • ДОНИРАЈ
  • Дома
  • За нас
  • ВИ-ЕТИКА
  • Импресум
  • Маркетинг
  • contact@umno.mk
  • Дома
  • За нас
  • ВИ-ЕТИКА
  • Импресум
  • Маркетинг
  • contact@umno.mk
УМНО.МК

УМНО.МК

Уметност, наука, образование

  • Вести
  • Уметност
    • Култура
    • Културно наследство
    • Театар
    • Филм
    • Книжевност
    • Мултимедијални уметности
    • Музика
    • Сцена
  • Наука
    • Размисла
  • Образование
  • Луѓе
    • Здравје
  • Свет
    • Планета
  • Став
    • Коментар
    • Колумна
    • Писма
  • Умно
  • Умен поткаст
  • ДОНИРАЈ

Отворање на изложбата yugo.logo во МКЦ

од Умно.мк14 Декември 2023Мултимедијални уметности

Во Младонскиот културен центар во Скопје вечерва во 20 часот ќе биде отворена изложбата yugo.logo, а ја организира Europe House. Автентичната изложба на графички симболи, која брои дури 460 дела во мал формат беше првенствено отворена во Europe House Битола. Поставката е проект на младиот графички дизајнер Огнен Ранковиќ, кој вели дека симболите се создадени пред повеќе од половина век, но стандардите по кои се креирани, концептот и естетиката ги прават безвременски.

– Целта на yugo.logo е да ги истражи, дигитализира и архивира овие знаци за да им послужат како инспирација на новите генерации, истовремено и да им се даде почит на пионерите на дизајнот на овие простори – велат организаторите.

„Графичкиот знак нема оригинал, материјал и големина. Секој еден е оригинал и се изработуваат од секакви материјали и во секакви големини. Знакот е потпис, па затоа авторот не го потпишува. Конструкцијата на знакот е негова графичност со која се овозможува тираж (умножување, зголемување, смалување). Знакот е збиена приказна, понекогаш и неколку различни приказни, кои се сведуваат на еден краток збор. Зборот се претвора во слика која ја читаме со еден поглед: побрзо ја гледаме и запомнуваме отколку што ја разбираме. Знакот е поубавиот дел од приказната. Секој знак е една нова љубов, а за љубовта се сонува и се размислува на јаве, сè се меша и затоа не се знае како настанува знакот. Знакот е лесна мака“, пишува Милош Ќириќ во книгата „Графичка идентификација“.

Насловна фотографија: Небојша Гелевски-Бане

Сподели
  • Europe House
  • yugo.logo
  • МКЦ

Почитувани читатели,

нашиот ентузијазам и решителност да им дадеме светло на сфери за кои малкумина се интересираат не е еднонасочен правец. Умно.мк е независна, невладина, неполитичка платформа. Вашата донација за нас е бесценета, зашто покрај нас ги поддржувате културата, образованието и науката во Македонија. Ако сметате дека Умно.мк е приказна што вреди да се раскажува, ДОНИРАЈТЕ за поддршка.

Бескрајно благодарни!
Тимот на Умно.мк

Навигација на напис

Бисера Чадловска е прогласена за жена на годината
Уапсени поранешни директори на институции за заштита на културното наследство
baner-gif.jpg
baner2-1.jpg

Умно.мк

  • contact@umno.mk
  • Rss Feed
  • ВИ-ЕТИКА
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг

© Umno.mk  Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Умно.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Умно.мк.

© 2026 УМНО.МК. Metro Magazine | Developed By Rara Theme. Powered by WordPress.
Поддржи го УМНО