Изложбата „Словенија во енциклопедијата Википедија“ по повод словенечкиот културен празник – Прешернов ден ќе биде отворена вечерва во 19:30 часот, во галеријата на НЛБ Банка во Скопје (ул.„Мајка Тереза“ 1).
Изложбата е во организација на Словенечкиот центар – Скопје и Shared Knowledge/Споделено знаење, а во соработка со НЛБ Банка Скопје и СЕПУГС „Васил Антевски – Дрен“ од Скопје.





