Охридскиот маратон нема да се одржи поради финансиски проблеми на Националната пливачка федерација. Информацијата ја потврди и покровителот на маратонот, претседателот Стево Пендаровски кој вчера се сретна со Горан Стојановски, претседателот на Националната пливачка федерација.
– Разговаравме за реализираните активности, учества на натпревари, организациските проблеми и предизвици во пливањето на домашен и меѓународен план. Ме информираше дека оваа година нема да се одржи традиционалниот Охридски пливачки маратон и ги образложи причините поради кои е донесена таа одлука, а се поврзани со блокираната сметка на федерацијата и финансиското работење на претходното раководство – објави Пендаровски.





