Осум грантови ќе бидат поддржани од Фондот за културно наследство на Југоисточна Европа, Headley SEE. На повикот се пријавиле 86 апликации од 11 земји.
– Избраните проекти претставуваат широк спектар на иновативни и заеднички ориентирани пристапи кон културното наследство, од зачувување на сеќавањата и валоризација на архитектурата, до негување на музичките традиции и современи интерпретации на историските наративи – велат од Фондот.
Финансиска поддршка ќе добијат:
– Вплетување зборови во облека – колекција инспирирана од книжевното наследство на Босна и Херцеговина на Музејот на книжевноста и изведувачките уметности на Босна и Херцеговина.
– Наследство со грижа – културна меморија за луѓе со деменција на Здружение „Алцхајмер“ од Бугарија.
– Да не ја мелеме историјата на Фондацијата „Неозоик“ од Србија.
– Мапирање на наследството (Living Human Treasures) на Асоцијацијата за World Music од Србија.
– Нашиот музеј, вашето искуство – ремикс на наследството на Куќата на Јеврем Грујиќ / Збирка Сечеровиќ-Цониќ од Србија.
– Мобилен музеј „катчето во движење“ Културно катче од Албанија.
– „Вечито“-Богдан Богдановиќ: Босна и Херцеговина, Србија, Северна Македонија и Хрватска поврзани преку споменичното наследство на Центарот за истражување и валоризација на архитектонското наследство VAM од Србија.
– Виртуелен музеј „Во движење“, Музеј Билеќа, Босна и Херцеговина на Домот на култура „Јевто Дедијер“ од Босна и Херцеговина.
Вториот повик беше објавен на почетокот на годинава за да се поддржат непрофитни организации и јавни институции – како музеи, библиотеки, архиви и галерии од Југоисточна Европа. Право да алицираат имаа Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Грција, Косово, С. Македонија, Црна Гора, Романија, Србија и Словенија. Фондот нуди поддршка за помали проекти (до 5.000 евра) и за поголеми иницијативи (до 10.000 евра). За овој циклус беа издвоени вкупно 66.000 евра.
Повеќе информации на линкот: https://headleyseefund.org





