Основци на пет јазици учествуваа на ораторска вечер посветена на Конески во Прилеп

Ученици на наставен македонски јазик, албански јазик, турски јазик, бошњачки јазик и српски јазик учествуваа на ораторска вечер посветена на 100 години од раѓањето на Блаже Конески. Настанот го организираше училиштето „Св. Климент Охридски“ од Прилеп, под менторство на наставничката по македонски јазик, Јулијана Талеска. Нивните говори беа снимени од нивните ментори.

– Главната цел на овој настан беше меѓуетничката соработка, можноста да чуеме ученици од различни училишта, градови, држави. Да започне, да се продлабочи и да се зацврсти соработката на колегите и училиштата. За тоа многу се радувам – вели Талеска.

Симболичкото доделување награди е само јакнење на натпреварувачкиот дух, самата активност да добие малку поинтересна нота. Тоа не значи дека другите ученици се помалку значајни или не ја постигнале целта.

Оваа манифестација е третата по ред што нашето училиште ООУ „Климент Охридски“ годинава ја одржа на платформата „Зум“. Овој настан е поддржан од здружението „Мировна Акција“ – Прилеп/Тетово. Организацијата е поддржувач на процесот на интегрирано образование во училиштата и со нас, но и со дел од училиштата учесници има направено низа проекти и активности во кои се вклучени и едукации на наставници во полето на меѓуетничката интеграција.

На настанот учествуваа 10 училишта. Настанот го отвори директорот на училиштето, господинот Ахил Јаков.

Ученици од ООУ „Блаже Конески“ и ООУ „Климент Охридски“ се претставија со музички точки предводени од своите менторки Маја Џопа и Андријана Дукоска. Учениците од ликовната секција под менторство на наставничката Александра Богоеска беа инспирирани од говорите и насликаа прекрасни цртежи.

Тричлената комисија: Филип Димкоски (поет, новинар), Магдалена Сајкова (наставничка по македонски јазик „Стив Наумов“ – Битола) и Сања Зеленкиќ (наставничка по српски јазик, „Здравко Гложански“, Бечај, Р. Србија) имаше тешка задача додели неколку наградди.

Првото место го освои ООУ „Десанка Максимовиќ“- Зајечар, Р. Србија, ментор: Стева Јовановиќ, оратор: Петар Радосављевиќ

Второто место го делеа две училишта:

ООУ „Наим Фрашери“ – Куманово, ментор: Вилдане Исмани, оратор: Енес Зеќири и ООУ „Гоце Делчев“ – Прилеп, ментор: Билјана Јагуриноска, оратор: Евгенија Димитриоска. Третото место го освои ООУ „Добре Јованоски“ – Прилеп. Ментор: Јагода Волческа, оратор: Исидора Николоска ерика (Канада и САД). Нивниот формат главно е СВХС и Мини ДВ.

Сподели