Писателката Оливера Николова, режисерот Слободан Унковски, актерите Бедија Беговска, Благоја Чоревски, Ѓокица Лукаревски, и Рефет Абази, музичарот Ристо Вртев вчера се закитија со орден за заслуги што им го додели претседателот Стево Пендаровски, на церемонија во Филхармонијата.
– Македонија не сме ние политичарите, Македонија се нашите уметници, истакна Пендаровски.
Оливера Николова
Писателката Оливера Николова преку видеопорака се заблагодари за признанието и истакна дека на нејзини 88 години години човек би требало да одмара, но уште ѝ „работи црвот“ и има желба да пишува.
Режисерот Унковски истакна:
„Жал ми е што не научивме подобро како нашата уметност да ја промовираме надвор“, додаде Унковски.
Актерката Бедија Беговска се израдува на присуството на нејзините колеги од Турскиот театар, на кои им се заблагодари.
Бедија Беговска
– Драго ми е што ги видов сите овие снимки од мене кои не се толку убави, но поубава сум во природа – рече Беговска.
Во негов хумористичен препознатлив манир, актерот Благоја Чоревски му се заблагодари на своето семејство, „најмногу на мојата сопруга која ги издржа сите овие 47 години, и ме трпеше, затоа што не е лесно актер да трпите“.
Благоја Чоревски
Не ќе го изодев мојот уметнички пат, да не беа моите колеги кои ме поддржаа, кажа актерот Ѓокица Лукаревски.
Ѓокица Лукаревски
Кога во 1985 година се запишав на ФДУ, не избрав професија, туку животна мисија, сподели Абази.
– Најмногу сум му благодарен на професорот по режија и промотор на македонската театарска уметност, Владимир Милчин – кажа Абази.
Ристо Вртев
Вртев, кој досега има добиено многу естрадни награди, истакна дека ова признание ù дава смисла на сè што досега постигнал.