Во Националната опера и балет вечерва во 20 часот ќе биде изведена операта „Риголето“ од Џузепе Верди, со диригентот Џанлука Мартиненги од Италија, во режија на неговиот сонародник Пјер Франческо Маестрини.
Насловната улога на Риголето ќе ја толкува гостинот од Јужна Кореја, Леон Ким. Во улогата на Џилда ќе настапи, Биљана Јосифов, во улогата на Војводата од Мантова – Чуан Ванг од Кина. Улогата на Спарафучил ќе ја толкува Владимир Саздовски, а во останатите улоги настапуваат: Николина Јаневска, Борко Биџовски, Драган Ампов, Јане Дунимаглоски, Александра Лазаровска Василевски, Диме Петров, Марика Поповиќ, Десанка Глигоријевиќ, заедно со хорот, оркестарот и балетскиот ансамбл на Националната опера и балет.
Сценографијата е на Гилермо Нова од Шпанија, костимографијата на Италијанката Кристина Ачети, кореограф е Саша Евтимова, концерт-мајстор е Климент Тодороски, а хор-мајстор: Јасмина Ѓорѓеска и Ѓурѓица Дашиќ.





