Операта „Палјачи“ од Руџеро Леонкавало во НОБ

Операта „Палјачи“ од италијанскиот композитор Руџеро Леонкавало ќе биде изведена на сцената на Националната опера и балет в среда (7 февруари) во 20 часот. Ремек-делото на веризмот, приказната за љубовта, страста и одмаздата, преточени во операта „Палјачи“ ќе биде изведена под диригентската палка на Бисера Чадловска, во режија на Дејан Прошев. Сценографијата е на Илина Ангеловска, костимографијата е на Никола Булески, концерт-мајстор е Јане Бакевски, хор-мајстор: Ѓурѓица Дашиќ и Јасмина Ѓорѓеска.

Настапува домашна солистичка екипа: во улогата на Канио/Палјачо ќе настапи Зоран Сотиров, во улогата на Неда – Дешира Амети-Крлиу, во улогата на Тонио ќе настапи Марјан Јованоски, во улогата на Силвио, Драган Ампов, а во улогата на Арлекин, Дејан Стоев во придружба на хорот и оркестарот на Националната опера и балет.

Сподели