Операта „Палјачи“ со диригентот Кочар Балаж од Унгарија во НОБ

Во Националната опера и балет вечерва во 20 часот ќе биде изведена операта „Палјачи“ од италијанскиот композитор Руџеро Леонкавало. Приказната за љубовта, страста и одмаздата, преточени во операта „Палјачи“ на нашата сцена ќе биде изведена под диригентската палка на гостинот од Унгарија, Кочар Балаж. Режијата е на Дејан Прошев, сценографијата е на Илина Ангеловска, костимографијата е на Никола Булески, кореографијата е на Олга Панго, концерт – мајстор е Климент Тодороски, а хор-мајстор: Ѓурѓица Дашиќ и Јасмина Ѓорѓеска.
Во солистичката екипа настапуваат: Дешира Амети Крлиу (Неда), Антонело Паломби од Италија (Канио/Палјачо), Марјан Јованоски (Тонио), Драган Ампов (Силвио), Јане Дунимаглоски (Арлекин), заедно со хорот, оркестарот и балетските солисти на Националната опера и балет.

Сподели