„Опенхајмер“ со 13, „Кутри нешта“ со 11 номинации за „Оскар“

Филмот „Опенхајмер“ на Кристофер Нолан доби 13 номинации за претстојното 96. издание на наградите „Оскар“ што се закажани на 10 март. Две номинации помалку има „Кутри нешта“ (Poor Things) на Јоргос Лантимос – феминистичка фантазија сместена во „стимпанк“ свет на мутанти и шовинисти. Филмот на Мартин Скорсезе „Убијците на цветната месечина“ за историската криминална драма за заговорот да им се одземе нафтено богатство на Индијанците од Оусич, освои 10 номинации. Најгледаниот филм во светот за 2023 година, „Барби“ освои шест номинации. Грета Гервиг, режисерката на филмот и Марго Роби, главната актерка и продуцентка, не се номинирани.

„Опенхајмер“, „Барби“ и „Убијци на цветната месечина“, „Кутри нешта“„Американска фикција“, „Анатомија на падот“, „Божиќните сирачиња“, „Маестро“, „Минати животи“ и „Зона на интерес“ се номинирани за најдобар филм За прв пат, тројца кандидати за најдобар филм – „Барби“, „Анатомија на падот“ и „Минатите животи“ – се режирани од жени. Само Жистин Трие („Анатомија на падот“) заработи номинација за најдобарка режисерка.

На 81 година, Мартин Скорсезе стана најстариот кандидат во категоријата за режија. Трие и Скорсезе ќе бидат во трка со: Џонатан Глејзер („Зона на интерес“), Јоргос Лантимос („Кутри нешта“) и Кристофер Нолан („Опенхајмер“).

Најдобар актер ќе биде трката помеѓу Пол Џијмати, кој игра наставник во интернат во „Божиќните сирачиња“; Килијан Марфи, што го толкува Џ. Роберт Опенхајмер, водач на проектот Менхетен во „Опенхајмер“; Бредли Купер, кој го портретира композиторот Леонард Бернштајн во „Маестро“; Колман Доминго, кој го отелотворува активистот за граѓански права Бајард Растин во „Растин“; и Џефри Рајт, признат за неговата изведба како недоволно ценет романсиер ангажиран во измама во „Американска фикција“.

За најдобра актерка номинирани се: Лили Гладстон („Убијци на цветната месечина“) првата домородна актерка која е номинирана за наградата; Ема Стоун, која глуми протагонистка налик на дете во „Кутри нешта“; Анет Бенинг за нејзиниот настап како натпреварувачка пливачка, пркосејќи им на шансите (и времето) во „Нјад“; Сандра Хулер, глумејќи жена на која и’ се суди за убиство во „Анатомија на падот“; и Кери Малиган за нејзиниот улога како Фелисија Монтеалегре, лојалната сопруга на Леонард Бернштајн во „Маестро“.

На следниот линк отворете за сите номинации за 96. Оскари.

Сподели