ООН: Вработувањето на младите сè уште е предизвик

6.822 нови работни места за млади лица, обезбедување совети и услуги за дигитализација на над 500 компании, консолидација на 1,078 хектари земјоделско земјиште, подобрување на економската состојба, како и враќањето на децата во училиште – се дел од резултатите реализирани во нашата земја минатата година, а кои влегоа во извештајот на Организацијата на Обединетите Нации кај нас. Забележан е напредок во состојбата со вработување, особено кај жените, кои беа најмногу погодени за време на пандемијата, но не и кај младите, што сè уште претставува предизвик.

Вкупно 24 тела на ОН работеа заедно со повеќе од 130 партнери во Северна Македонија во текот на 2021 и нивната работа е усогласена државните национални развојни и стратешки приоритети,

– Целите за одржлив развој не се само дополнителен план за светот, туку заедничка визија и затоа мора целосно да ја прифатиме нивната трансформација и имплементација. За да се постигне Агендата 2030, Mакедонија останува целосно посветена на развојот на институциите и партнерствата што ќе овозможат одржливост за сегашните и за идните генерации”, подвлече Бујар Османи, министер за надворешни работи.

Пандемијата предизвикана од ковид-19 го потсети светот дека сите сме поврзани и дека мора да работиме заедно за да постигнеме одржлив развој и притоа никој да не заостане – рече Росана Дуџак, постојан координатор на ОН во Северна Македонија.

– Овој извештај практично покажува како заедничката работа може да придонесе за остварување на подобри резултати со нашите заеднички напори.
Согласно приоритетите утврдени во РСОР 2021-2025, извештајот го следи напредокот во четири области, инклузивна благосостојба, квалитетни услуги за сите, здрава животна средина и добро владеење.

Дигитална верзија на извештајот е достапна на три јазици, англиски, македонски и албански, на следниот линк.

Сподели