Патот на Лаоце низ историјата, филозофијата и старите текстови“ е насловот на предавањето што д-р Александар Стаматов, доцент на Универзитетот Минг Чуан“ во Тајван ќе го одржи денеска во 12 часот на платформата Зум. Предавањето го организираат Институтот за филозофија на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и Филозофското друштво на Македонија.

Со ова се отвора циклусот онлајн-предавања „Алумни“, во чии рамки свои предавања ќе одржат повеќемина поранешни студенти на Институтот за филозофија кои имаат изградено успешна меѓународна кариера во подрачјето на филозофијата, а во моментот живеат и работат во странство, како предавачи и/или истражувачи на реномирани универзитети, од земјите на Далечниот Исток, преку Европа, сè до САД – велат организаторите.

По предавањето следува отворена дискусија. Предавањето можете да го проследите на следниот линк:
https://us06web.zoom.us/j/87421386585?pwd=aVFnbmVxWkRPNmNPV2ltVnBXY3Q3dz09
Meeting ID: 874 2138 6585
Passcode: 00000

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Умно.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Умно.мк.