Онлајн претстава „Фамилијарна посета во 03:14:07…“ во режија на Аница Бебиќ

Претставата „Фамилијарна посета во 03:14:07 – 7 минути порано“ во режија на Аница Бебиќ вечерва и утре ќе биде прикажана онлајн на официјалниот Јутјуб канал. Почетокот е во 20.30 часот. Приказната е за конфликтите меѓу три генерации во две различни времиња, која полека ги открива темите на религија, феминизам, пред сè за осаменоста која ја чувствуваме кога сме со оние кои што треба да ни се најблиски.

Претдтавата е работена по мотиви на „Мајка и дете“ од Јон Фосе. Актерската екипа ја сочинуваат Захарија Ангелеска, Филип Трајаноски и Аница Бебиќ. Композитор е Оливер Јосифовски, кореограф на ериал слинг техника на платно е Маја Крстеска. Во поширокиот тим се Бранко Блажевски, Дарко Димитриески, Илија Жоговски, Тома Димовски и Марија Стојанова.

Сподели