Оливер Мицевски ја поставува „Едмонд“ од Дејвид Мемет во Битола

Во Народен театар – Битола започнаа пробите за петтата премиера во овој театар за оваа година. Се работи за „Едмонд“ по текст на Дејвид Мемет, а во режија на Оливер Мицевски. Во претставата играат: Огнен Дранговски, Валентина Грамосли, Соња Михајлова, Марјан Георгиевски, Ана Грамосли, Борче Ѓаковски, Александар Стефановски, Филип Мирчевски, Викторија Степановска Јанкуловска и Маја Андоновска Илијевски. Сценографијата е на Валентин Светозарев, костимите на Благој Мицевски, а музиката на Марјан Неќак.

Мицевски завршил театарска режија на Факултетот за драмски уметности во Скопје и специјализација по Ибзен во Центарот Ибзен на Универзитетот во Осло, Норвешка. Во 2012 во Будимепшта го основал својот приватен театар Oliver Micevski’s Theatre Company, своевремено единствен театар на англиски јазик во Будимепшта, заедно со група унгарски театарски работници, со кои, како што вели, ја делеа идејата дека градот Будимпешта, како европска крстосница и туристички центар, има потреба од театар со репертоар на претстави на англиски јазик.
Претставата „Едмонд“ е дел од годишната програма на Министерството за култура и туризам, а премиерата се очекува за 28 јуни.

Сподели