Охридскиот маратон ќе се одржи – Општината и Агенцијата за млади и спорт ја преземаат организацијата

Општина Охрид и Агенцијата за млади и спорт со поддршка на Владата ќе го организираат Охридскиот маратон, за кој вчера беше најавено дека нема да се одржи поради финансиски проблеми на Националната пливачка федерација. Градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков најави дека веќе од спонзори се собира буџет за да се одржи традиционалната трка. Агенцијата за млади и спорт соопшти дека нема да дозволат традиционалниот реномиран маратон од „Св, Наум“ до Охрид да прекине. За можен датум се спомнува 11 септември.

Јавноста се крена на нозе откако вчера, досегашниот покровител на маратонот, претседателот Стево Пендаровски соопшти дека трката нема да се одржи. За тоа бил информиран од Горан Стојановски, претседателот на Националната пливачка федерација. Тој посочи дека поради финансиските проблеми блокирана е сметката на федерацијата. Стојановски појасни дека сметката на федерацијата е со години блокирана поради изминати долгови на претходни раководства.

Сподели