Орхидскиот архив презеде дел од документацијата на Охридско лето

Охридскиот архив ќе ја преземе архивската документација на Охридско лето. Целта е да се сочува документарното богато наследство на фестивалот. Според меморандумот за соработка помеѓу Охридско лето и Државниот архив, тимот на Арховот ги заврши архивските процедури да преземе дел од документите на трајно чување.

– Свесни за значењето на богатата историја на Охридско лето презедовме голем чекор за трајно да ги сочуваме сведоштвата на сè она што генерации пред нас макотрпно го создавале вели директорката на Охридско лето, Наташа Поповиќ.

Таа изрази благодарност за поддршката од Охридскиот архив која дава уште поголем мотив да се негува уметноста, но и да се гради патот кон поголем културен развој.

– Архивот ќе се погрижи преку преземањето на средената документација во целост да се чува во соодветни услови и да се презентира пред поширокиот аудиториум во научни цели. Знаејќи го значењето на документацијата, пред нас е процедурата за целосно дигитализирање, како што Архивот направи со документацијата од Струшките вечери на поезијата – вели раководителот на Подрачното одделение на Државниот архив во Охрид, Никола Митровиќ-Бабе.

Сподели