Одлично деби на Rockestra со концерт посветен на Шаде во Народниот театар во Битола

Сцената на Народниот театар во Битола завчера ја преплави незаборавно музичко патување со „Рокестра“ и нивниот прв концерт Sweetest Taboo, посветен на британската поп дива, Шаде. Новоформираната музичка формација, заедно со вокалите на Тамара Стојковска, Јасна Димитровска и Рената Симоновска ја плени публиката со најомилените хитови од Шаде.

Публика од сите возрасти ги исполни седиштата до последното место, а нивната возбуда беше очигледна уште кога бендот излезе на сцената и ги отсвире воведните акорди на легендарната Sweetest Тaboo, која донесе моменти на носталгија.

„Рокестра“ музичка формација составена од Владко Симоновски, Александар Димитровски, Коста Стеваноски, Кристијан Магденовски, Иле Лулевски, Дамијан Грујо и Дејан Трајкоски, со визија да се слави музиката на легендарните уметници преку трибјут изведби.

Фото: Диоген Хаџи Коста Милевски

Сподели