На Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје денеска во 11 часот ќе биде одбележан рускиот народен празник „Масленица“ со кој симболично се испраќа зимата и се дочекува пролетта. Сите заинтересирани ќе може да се запознаат со традицијата и обичаите поврзани со прославата на овој празник. Во програмата се вклучени и повеќе игри, натпревари и дегустација на палачинки кои се најпознатото обележје на празникот.
Настанот го организира Катедрата за славистика при Филолошкиот факулет „Блаже Конески“ во Скопје со соработка со Рускиот центар при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Во доловувањето на веселата атмосфера на „Масленица“ ќе помогнат курсистите од Рускиот центар и курсистите што го изучуваат рускиот јазик во Училиштетот за странски јазици „Албион“ од Куманово.





