Одбележување на 90 години од раѓањето на Петре М. Андреевски во Слоештица

Во демирхисарското село Слоештица утре во 13 часот ќе бидат одбележани 90 години од раѓањето на Петре М. Андреевски. Присутните ќе го посетат гробот на големиот писател и поет, ќе има литературно читање на дел од поезијата на Петре М. Андреевски и квиз со едукативен карактер, поврзан со ликот и делото на Андреевски. Пред присутните ќе се обрати евроамбасадорот Дејвид Гир од Делегацијата на ЕУ во Скопје.

Литературното читање и квизот ги подготвија студенти од Педагошки факултет од Битола, и истите ќе се реализираат во реновираниот Задружен дом во Слоештица.

Настанот ќе заврши во „Арт Поинт – Гумно“ со свечено откривање на склуптура, инспирирана од прочуената „Дениција“ на Андреевски, а изработена од познатиот македонски уметник Никола Пијанманов.

Настанот го органиизраат Македонското научно друштво од Битола, во соработка со Педагошкиот факултет – Битола, Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, Студенското собрание при УКЛО, „Арт Поинт – Гумно“ од село Слоештица и Europe House Битола.

Сподели