Одбележување на 60 години од смртта на Ѓорѓи Абаџиев

Собир по повод 60 години од смртта на писателот, историчарот и публицистот Ѓорѓи Абаџиев ќе се одржи денеска во 11 часот на Институтот за македонски јазик и литература во Скопје. Проф. д-р Лорета Георгиевска-Јаковлева ќе зборува за културната меморија и нежевниот опус на Абаџиев, проф. д-р Валентира Миронска-Христовса ќе се остврне на делото на авторот и на Македонскиот литературен кружок, а проф. д-р Гоце Смилевски ќе зборува за инстивидуалното и историското во романот „Пустина“.

СОЊА АБАЏИЕВА: ТАТКО МИ НЕ ГО САКАШЕ БОЕМСКИ НАСТРОЕНОТО ПИСАТЕЛСКО ДРУШТВО

Ѓорѓи Абаџиев (07.10.1910, Дојран – 02.08.1963, Скопје) е еден од првите македонски раскажувачи и романсиери, особено истакнат по своите романи и раскази втемелени врз македонската историја. Од најмала возраст живее како емигрант во Грција и во Бугарија. Во 1948 година се враќа во Македонија, каде што во Скопје е еден од основачите и најактивните соработници на Институтот за национална историја. Од 1949 година, тој е член на Друштвото на писателите. Престојува во Скопје до крајот на својот живот. Неговото творештво главно е содржано од раскази и романи со историска предлошка. Ги објавува следниве дела: „Труд и луѓе“ (уметнички репортажи и раскази, коавторство, 1936), „Изгрев“ (раскази, 1950), „Епопејата на Ножот“ (раскази, 1951), „Последна средба“ (раскази, 1953), „Арамиско гнездо“ (роман, 1954), „Пустина“ (роман, 1961), „Балканските војни и Македонија“ (монографија, 1972). Исто така, тој е еден од сценаристите на филмот „Мис Стон“ (1958). Во 1972 година е објавен избор од неговото творештво во четири тома.

Сподели