Утре продолжува наставата по стручните предмети во Математичко-информатичката гимназија (МИГ) во Скопје.
– Денеска заврши постапката за избор на истакнати стручни наставници. Од утре сите ученици продолжуваат со настава по сите предмети – вели директорката на МИГ, Јулија Гајдаџиева.
Средношколците од МИГ второто полугодие го почнаа со настава исклучиво по општообразовните предмети. Стручните предмети го предаваат истакнати струлни лица ангажирани со договор на дело. Родители реагираа јавно дека учениците пропуштаат огромен материјал. Од МИГ и од Министерството за образование и наука посочија дека Министерство за финансии одобрува согласност за ангажирање на стручни лица за период од тековна фискална година.





