Од Соборен храм до Острог, Антонио трча 600 км за нашите мали херои од Детска клиника

Антонио има истрчано над 200 километри или една третина од патот, а намерата му е на 19 јули да стигне во црногорскиот манастир Острог. 

Антонио Пандовски од Прилеп прави голем потег и тргна од Соборниот храм со трчање na 19 јули да стигне до манастирот „Острог“ во Црна Гора. Неговата идеја е да се соберат 45.000 евра, за да се купат шест неопходни апарати за Клиниката за детски болести од Скопје.  Тој им ја предложил идејата на фондацијата „Ице Вегов“ од Гевгелија. Засега се собрани околу 5000 евра. Пандовски го прави ова за малите херои што се борат со тешки дијагнози. Целта е да се набават шест вида медицинска опрема.

– Досега имаме собрано 10% од средствата, а Антонио има истрчано над 200 километри или една третина од патот. Во наредните неколку дена ќе имаме појасна слика за собраниот износ, бидејќи на дневна основа ажурираме податоци од наменската сметка, а неделно добиваме информации од мобилните оператори – велат од фондацијата.

Потребни се средства за да се обезбедат следните апарати: скрининг апарат за слух, плазматерм, монитори за неонатологија, апарат за мерење билирубин (биличек), инхалатор за цистична фиброза и ултразвук.

Освен на телефонските броеви со кои донирате по 100 денари (А1: 143-460, Телеком: 143-403), може да донирате и на сметка:

Како да донирате:

Банкарска сметка
НЛБ Банка:
210-075797990237

Назив:
Фондација Ице Бегов

Назнака:
Донација – За нашите мали херои

Девизна сметка
IBAN Code:
MK07210722000122190

SWIFT:
TUTNMK22

Сподели