Шахот од септември ќе биде на листата на изборни предмети во основните училишта во Македонија за децата од прво и второ одделение. Шаховската федерација на Македонија соопшти дека Бирото за развој на образованието ја одбрило нивната програма за шах во школи и од септември ќе биде на листата на изборни предмети.
– Му благодариме на Орце Данчевски за помошта при изготвувањето на програмата. Сега ни останува да го промовираме шахот како изборен предмет и да ги обучиме наставниците. Што значи дека дури сега ни претстои најголемата работа – велат од Федерацијата.
Тие потсетуваа на многубројните придобивки од шахот:
– Подобрување на концентрацијата и меморијата;
– Подобрување на математичките вештини и читањето;
– Подобрување на логичкиот начин на размислување, креативноста и критичкото размислување;
– Градење на аналитички начин на размислување и пристап кон решавање на проблемите и подобрување на вештините за решавање на проблеми;
– Стимулира подеднаква работа и развој на двете мозочни хемисфери;
– Создавање на работна навика.
Насловна фотографија: ПСУ „Јахја Кемал“





