Од премиерата на „Едвард Втори“ во режија на Андриј Жолдак (Галерија)

Низ фотографии видете дел од премиерата на претставата „Едвард Втори“ од Кристофер Марлоу, во режија на Андриј Жолдак која завчера беше изведена во рамките на фестивалот Охридско лето. Претставата е копродукција помеѓу театарот „Јордан Х.К.Џинот“ од Велес и Драмски театар „Масалтинов“ од Пловдив.

Во претставата играат: Борис Крстев и Илин Јовановски, Јована Миладинова, Васил Зафирчев, Јордан Витанов, Бранко Михајлоски, Кире Ацевски, Никола Петковиќ, Сандра Танчева, Марија Баркова, Леонида Гулевска, Бобан Алексоски и Тодор Стојковски. Сценографијата е на Андриј Жолдак и Даниел Жолдак, а костимите се на Симон Мачабели и Раде Василев. Ова е трета соработка на Жолдак со македонски актери, по постановките на „Електра“ и „Соларис“ во МНТ.

Фото: Охридско лето

Сподели