„Од почетник до успешен фриленсер“ – како до кариерно унапредување

Настанот „Од почетник до успешен фриленсер“ што го организира „Импакт фондацијата“, ќе се одржи на 15 февруари во 18 часот во Стартап Клуб Скопје (кај „Среќа Бар”) во Скопје. Ко-организатор на настанот е Едукативниот центар Creative Hub Македонија. Ќе говорат тројца говорници поврзани со оваа партнерска организација, кои што пред присутните ќе ја презентираат нивната понуда на едукативни академии и притоа ќе споделат важни совети и вредни информации за успешен развој на вашата фриленс кариера.

Ќе учествуваат: Аријана Коскарова, ко-основач на Creative Hub Македонија, Приштина и Мајами, добитничка на наградата „Forbes under 30“ во 2019 година, ментор на Академијата за човечки ресурси и ментор на Академијата за жени лидери, Давор Дабески – HR професионалец и предавач на Академијата за човечки ресурси по предметите „Тренинг и развој на вработени“ и „Фриленс регрутација“ и Деана Савески – раководител на секторот за човечки ресурси и студент на Академијата за човечки ресурси во Creative Hub Македонија. Нејзиното професионално искуство е во полето на финансиите, а професијата на човечки ресурси ја избрала поради тоа што сака комуникација со луѓе и сака да го помага нивниот професионален развој. Во моментот работи во Wayland Скопје.

– Продолжуваме со уште едно издание на овој настан кој на гостите ќе им понуди вредни совети за професионално надградување и за натамошно унапредување на својата фриленс кариера, и тоа од успешни луѓе кои имаат соодветно знаење и искуство на оваа тема. За тоа сведочат добиените награди, но и бројните студенти кои учествувале во нивните едукативни академии“ – посочува Огнен Јанкуловски, координатор на проектот од „Импакт фондација“.

Овој настан се реализира во рамки на проектот „Проширување на можностите за претприемништво на младите и економско зајакнување на жените”, поддржан од Амбасадата на САД. Целта на овој проект е да се подобри пристапот на младите до можности за обука и вработување преку промоција на фриленсингот како кариера. Овој проект започна во октомври 2023 и ќе се спроведува до април 2024 година.
На настанот се поканети да присуствуваат сите активни фриленсери кои сакаат да напредуваат во својата кариера, но и оние кои допрва влегуваат во фриленсерските води. Присуството е бесплатно, но поради логистички причини потребна е претходна регистрација која може да се изврши на следниот ЛИНК.

Сподели