Од печат излезе „Ванда“ од хрватската писателка Силвија Шесто

Од печат излезе романот за млади „Ванда“ од хрватската писателка Силвија Шесто, во издание на „Македоника литера“. Преводот од хрватски јазик на македонски јазик е на Славчо Пеев.

„Ванда“ е лесно читлив роман, наменет за деца и млади. Заплетот се врти околу едно градско семејство и нивните секојдневни, безначајни проблеми. Во центарот на семејството е девојката по име Ванда, која, влегувајќи во пубертет, почнува да го запознава реалниот живот.

Силвија Шесто (1962, Загреб, Хрватска) е афирмирана хрватска писателка за деца и млади. Дипломирала филозофија и литература и завршила Виша тренерска школа. Објавува проза, поезија и драми. Автор на близу 60 книги за деца и млади и на петнаесетина за возрасни, од кои десет романи. Таа има и богат драмски опус. Изведени се петнаесет радиодрами и неколку драми на театарските сцени.

Нејзините најпознати дела се романите за деца и млади. За деца и млади го објавила романите „Ванда“, „Дебела“, „Кој ја уби Паштетка“, Зезомјанци“, „Па тоа е љубов и др. Пет нејзини книги за деца и млади, меѓу кои и романот „Ванда“, се задолжителна лектира во основно образование во Хрватска. Таа е меѓу најнаградуваните хрватски писатели.

Сподели