Од отпад, до уметничко дело – TrashForArt на „Пакомак“

До 27 февруари е отворен конкурсот на „Пакомак“ за создавање уметничко дело од отпад, познато како TrashForArt 2024. Амбалажен отпад, електронски отпад и батерии можат да бидат вашите материјали за да создадете уметничко дело. Сите изработка треба да се достават по карго до Кинотека на Северна Македонија

TrashForArt е иницијатива за почиста и поздрава средина на Пакомак, Нула Отпад и Прилепска Пиварница. За делата направени само со електронски отпад следува специјална награда од Нула Отпад ДОО Скопје, додека за делата изработени од амбалажен отпад на Прилепска Пиварница, следува специјална награда од компанијата.

Наградниот конкурс „Trash for art 2024“ е отворен за возрасни и за деца, кои ќе се натпреваруваат во три категории:
– градинки
– основни училишта
– поединци и други институции (средни училишта, факултети, невладини организации и други)
Во секоја категорија ќе бидат доделени по три награди – за прво, второ и за трето место.

Поединци и останати институции (средни училишта, факултети, невладини организации и други)
1 место награда – 30.000 денари
2 место награда  – 20.000 денари
3 место награда – 10.000 денари

Основни училишта
1 место награда – 30.000 денари
2 место награда  – 20.000 денари
3 место награда – 10.000 денари

Градинки
1 место награда – 30.000 денари
2 место награда  – 20.000 денари
3 место награда – 10.000 денари

Специјална награда од Нула Отпад ДОО Скопје за скулптура од електронски отпад
30.000 денари

Специјална награда од Прилепска Пиварница за скулптура од амбалажен отпад од Прилепска Пиварница:
30.000 денари

Повеќе за правилата, на следниот линк.

Сподели