Во Археолошкиот музеј во Скопје од денеска е отворена изложбата на музејски репродукции на 14 портрети од ренесансниот сликар Рафаело Санти. Изложбата под наслов Raffaelo: Opera Omnia почнала да го обиколува светот лани кога почна одбележувањето на јубилејот, 500 години од неговата смрт. Две од делата се изложени во најпосетуваниот музеј во Европа, Лувр во Париз, а останатите во најпознатите италијански галерии: Боргезе и Барберини во Рим, Уфици и Палатина во Фиренца и Националната галерија во Урбино.

Изложбата се отвора во соработка со италијанската амбасада во земјава и ќе биде отворена секој ден од 10 до 17 часот (освен во понеделник) до 20 декември. Влезот за изложбата е бесплатен.

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Умно.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Умно.мк.