Педесет претставници на централната и локалната власт, медиумите, приватниот сектор, граѓанското општество и меѓународните организации учествуваа на обука за Агенда 2030, наменета за чинители од разни сектори, што ја органзизираше Канцеларијата на постојаниот координатор на Обединетите Нации, во соработка со Колеџот за кадарот на системот на ОН.
Целта на работилницата е да поттикне потемелно разбирање за концептите на кои се темели Агендата 2030, како се поврзани разните димензии за одржлив развој, поврзаноста со целите и политиките за развој на национално ниво.
Македонија, заедно со 193 земји-членки на ОН ја усвои Агендата 2030 и се обврза на постигнување на 17 цели за одржлив развој во 2015 година. Според Росана Дуџак, постојан координатор на ОН во земјава, постигнат е значителен напредок во последните години, но постојат и комплексни предизвици, како пандемијата со ковид-19.
– За да го забрзаме напредокот кон Агенда 2030, мора да осигураме поголемо преземање одговорност и дејствување и да ги искористиме лекциите научени за време на кризата со ковид-19. Погрешно е да се смета дека ова е „Агенда на ОН“. Мора сите да сфатиме дека неопходен е пристап што го опфаќа целото општество и одговор од целиот систем за да се идентификуваат релевантните приоритети во земјата и стратешките интервенции за да се забрза социо-економскиот и еколошкиот напредок на интегративен начин – рече Дуџак.
Работилницата претставува единствена можност за учесниците да се вклучат во практични вежби за подетаљно разбирање на Агендата 2030 и да се разгледаат релевантни примери од земјата за вклученост на ЦОР во националните и регионалните (ЕУ) агенди. Обуката ја спроведе Колеџот за кадарот на системот на ОН (UNSSC). Со седиште во Торино и втор кампус во Бон, UNSSC претставува центар за извонредност за обуки и управување со знењето во системот на ОН, којшто опфаќа повеќе од 10.000 корисници во и надвор од ОН секоја година. Од 2015, сите активности за учење и обуки на колеџот се насочени кон овозможување на системот на ОН и неговите партнери да се справат со предизивиците што ги наметнува Агендата 2030 за одржлив развој.