Образованието во време на пандемија во Македонија и Словенија

„Образованието во време на пандемија во Македонија и Словенија“ е темата на меѓународната конференција која денеска во 11 часот ќе почне во хотелот „Солун“ во Скопје. Конференцијата ја организира Факултетот за применети општествени науки од Љубљана.

Пред присутните ќе се обратат: Анета Трпевска, државен секретар во Министерството за образование и наука, Милан Предан, словенечки амбасадор во земјава, проф. д-р Борут Рончевиќ, од Факултет за применети општествени науки, проф. д-р Софија Ѓорѓиевска, од Институтот за социјална работа и социјална политика и проф д-р Константин Миновски, од Институт за социологија, двата на Филозофскиот факултет при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Сподели