Универзитетскиот професор д-р Ѓулумсер Касапи, писателот Јован Павловски, музичката уметница м-р Снежана Анастасова-Чадиковска и Елена Дончева, академски сликар и костимограф се годинашни добитници на државната награда „Св. Климент Охридски“. Високото признание се доделува за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес за Македонија.

Со комисијата што ја доделува наградата претседаваше академик Газанфер Бајрам, а на добитниците ќе им биде врачена на празникот 8 Декември, во Свечената сала на Собранието.

Касапи е награден во областа на воспитанието и образованието, а останатите во областа на културата и уметноста.

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Умно.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Умно.мк.