Од печат излезе збирката колумни и есеи „Со зрно сол. И парче локум. Карантински колумни и есеи“ од проф. д-р Васко Шутаров, издание на „Макавеј“ од Скопје. Рецензент и промотор на изданието е Елка Јачева-Улчар која истакнува дека нивната актуелност не завршила со нивното прво читање, туку дека пораките кои произлегуваат од нив имаат една потрајна димензија.
– И една нотка која се провлекува од првата до последната колумна. Човечноста, неприкосновеноста на љубовта кон човекот. И кога на човека му е добро и кога му е помалку добро. Читателите на неговите неделни колумни ја препознаа таа димензија, читателите на оваа книга претпоставувам на сличен начин ќе ја препознаат остроумната и далекосежна мисла, кон еден свет низ кој само човечноста би ни била мерна единица и мисла водилка за бескомпромисна акција во практиката. Или, како што вели Шутаров, „време во кое ќе се сподели најмногу човечност и правичност по глава на жител“ – пишува Јачева-Улчар.

Книгата е спонзорирана од Општина Гевгелија и може да се купи во книжарниците „Или-Или“, „Култура“ и „Антолог“ и на порталот kupikniga.mk.

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Умно.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Умно.мк.