Од печат излезе најновиот труд на проф. д-р Иван Џепароски насловен „Филозофија и книжевност“. Книгата е 82 единица во едицијата „Филозофија“ на издавачката куќа „Аз-Буки“. На повеќе од двесте страници изнесени се филозофски промислувања за релацијата помеѓу филозофијата и книжевноста, односно рефлексии за суштествените аспекти на односите меѓу нив. Според зборовите на авторот, книгата треба да се прифати како можен вовед во реализација на неговата замисла и понатамошна цел – објавување на една систематска студија под наслов „Филозофија на книжевноста“. Книгата се продава во книжарницата „Или-Или“.





