Повикот за наградата ДЕНЕС за млади визуелни уметници во Македонија до 35 години која подразбира двомесечен престој во Њујорк, е отворен од денес и ќе трае до 30 април. Наградата се доделува на исклучителна и истакната тековна уметничка практика која вклучува критичко и естетско размислување и дејствување, и е единствена награда во земјава од ваков вид.
Оваа значајна и независна награда, која се доделува по 16. пат во земјава, означува двомесечна програма за престој на уметници во Њујорк во Residency Unlimited во 2022 година, но и овозможува уникатно искуство на уметниците да продуцираат ново дело, да бидат дел од специјално наменет едукативен процес во визуелната уметност, да имаат средби и презентации со интернационална жири комисија и да имаат изложба со финалистите на наградата.
Сите трошоци на победникот за време на двомесечниот престој во Њујорк ќе бидат покриени како: виза, здравствено осигурување, патни трошоци, сместување и дневници. Дополнително и дополнително, авторот/ката ќе има јавен настан во Скопје по враќањето од резиденцијата.
Повеќе информации за условите за учество, прочитајте на линкот.