„Планетата Ѕвездалија“ денеска ги повикува децата на заедничко дружење за да научат како се украсуваат новогодишни колачи, како се пишува честитка од Дедо Мраз или пак, како се прават новогодишни лампиони. Предновогодишното дружење започна вчера преку ден во Паркот на франкофонијата, кај Монтажната галерија на Центарот за современи уметности.

Дружбата денеска ќе започне во 17 часот со работилница за цртање колачиња што ќе ја води графичката дизајнерка Емилија Ќипроска. Веднаш потоа во 18.30 часот децата ќе може да проследат претстава инспирирана од „Сликовницата на Халки.“ Поетесата Ана Голејшка-Џикова ќе ја води работилницата за пишување новогодишна честитка до Дедо Мраз, а ќе следува и раболницата на уметникот Доротеј Нешовски, за изработка на новогодишни честитки.

Настанот го организира Центарот за визуелна комуникација „Ефектива“ од Скопје, со поддршка на Халкбанк, АД Скопје.









