Нови дела на Татјана Манева изложени во КИЦ во Тирана

Во Mакедонскиот културно-информативен центар во Тирана, е отворена изложба на сликарката Тања Манева, насловена „Боите на душата“. Манева се претставува заедно со уметниците Стела Рустемај од Тирана и Драгана Пајковиќ-Додиг од Белград. Манева се претстави со шест нови дела.

Како што информираат од КИЦ -Тирана, изложбата која беше отворена во прекрасна атмосфера, тиранската љубопитна публика, дел од дипломатскиот свет и останатите гости, сликите на Манева ги прифати со големо воодушевување. Магијата со која зрачат нејзините нови дела, направи неколку од сликите да бидат веднаш продадени.

Изложбата е во организација на македонскиот КИЦ во Тирана.

Македонскиот КИЦ во Тирана, продолжува со својата програма. На 3 мај во театарот „АрТурбина“ во Тирана ќе гостува Албанскиот театар од Скопје со претставата „Диво Месо“ од Горан Стефановски, во режија на Мартин Кочовски.

Сподели