НОВА утре организира добротворен „Семеен фестивал“

Меѓународните училишта НОВА организираат добротворен настан „Семеен фестивал“ што ќе се одржи утре од 11 до 15 часот во училишниот кампус. Овој традиционален настан го организира Здружението на родители и наставници на НОВА и е наменет за целата заедница, а оваа година ќе биде и место на кое образовната установа ќе ја прослави 25-годишнината од постоењето.

Собраните средства од настанот ќе бидат наменети за невладината организација „Да шириме љубов“, која работи со социјално загрозени семејства од Кумановскиот Регион.

Настанот ќе биде исполнет со забавни и авантуристички активности за целото семејство. Присутните ќе уживаат во националните кујни на различни земји, детско катче и зоолошка градина, во настап на улични изведувачи, магионичар и музички изведби на учениците од НОВА, а ќе се организира и лотарија за сите присутни.

Сподели