Нова сензорна соба во средното училиште „Браќа Миладиновци“ во Скопје

Во средното училиште на Град Скопје „Браќа Миладиновци” пуштена е во употреба нова сензорна соба која ќе им овозможи поинклузивен тек на образовниот процес на средношколците со попреченост од нашите скопски училишта.

Досега Град Скопје опреми сензорни соби во повеќе градски средни училишта, а проектот продолжува да се реализира во сите 23 средни училишта на Град Скопје со цел креирање инклузивна средина за сите скопски средношколци.

Сподели