Норвежанецот Јон Фосе е добитник на Нобеловата награда за книжевност

Норвешкиот писател Јон Фосе е добитник на Нобеловата награда за книжевност, објави Шведската академија. Во образложението стои дека Фосе е награден со „Нобел“ „за иновативната драма и проза што му дава глас на она што не се искажува“.

По известувањето на Фосе дека ја добил наградата, тој им кажал на членовите на Академијата дека е „преплавен со емоции и по малку преплашен“.

Јон Фосе е роден 19599 година во Хаугесунд и денес е најпознатиот норвешки драматичар, по Хенрик Ибзен. Напишал повеќе од 40 драми преведени на педесет јазици.

Сподели