„Ноќта се мие од светлина“ од Давор Шалат на македонски јазик

Од печат на македонски јазик излезе книгата „Ноќта се мие од светлина“ – поетски избор од Давор Шалат (1968), еден од најреномираните претставници на современата хрватска поезија. Дел од неговиот поетски опус што го сочинуваат седум поетски книги, во превод на македонската поетеса Весна Ацевска. Во првиот македонски поетски избор на Шалат се застапени 60-тина песни од сите досегашни објави. При тоа доаѓа до израз неговата модерност и впечатливата поетска натура која има оставено значајни книжевни траги во современата хрватска литература.

Меѓу другите хрватски автори кои пишувале за поетското творештво на Давор Шалат се Ирена Матијашевиќ, Дарија Жилиќ, Делимир Рашицки, Цвјетко Милања, Тин Лемац, Марио Колар и Милан Бешлиќ и влијателната Лада Жиго, која, меѓу другото истакнува:

– Поезијата на Давор Шалат има речиси библиска структура – започнува со творечката светлина на светот, а завршува со апокалиптичка визија, како во откровението на Јован. Но, дури и кога ја толкува светлината библиски, онтолошки или секојдневно, таа сепак се покажува како

неуништлива сила на опстанокот. Дали апокалипсата е минлива? Според песните на Шалат, се чини дека е така и дека светлинската ренесанса сепак ќе го победи овој мрачен век!“.

Сподели