Самостојната изложба на Доротеј Нешовски „Ноќна шума: неизвесни значења и патот низ непознатото“ ќе биде отворена вечерва во 20 часот во Младинскиот културен центар во Скопје.
Својата најнова уметничка продукција, која Доротеј ја насловува како „Ноќна шума“, е продолжување на неговите истражувачки методи долгорочно посветени на трансформативниот потенцијал на неколку едонставни формални елементи и материјали со кои работи во различни формати: дрвени боици, вертикали, сенки, транспарентни слоеви кои ја имаат главната улога и во оваа поставка. Во уметничката практиката на Доротеј тие се искористени не во нивната очигледна функција, туку како приказ на комплексни формални и метафорички структури – носители на неизвесни значења.
Изложбата на Нешовски досега беше поставена во битолската „Магаза“.
Фото: Kultura24.mk