Светлана Мојсов е ќерка на Лазар Мојсов, дипломат и државник. Родена е во Скопје во 1947 година. Наградата за клиничко медицинско истражување им припадна на Мојсов, Хабенер и Кнудсен за нивната работа на GLP-1, хормонот што влијае на намалување дебелината
Професорката Светлана Мојсов е една од тројцата добитници на престижната награда „Ласкер“ што се доделува за напредок во медицината и истражувањето на јавното здравје, објави завчера „Њујорк тајмс“. Наградите им беа доделени во четвртокот на Мојсов, Џоел Хабенер и Лоте Бјере Кнудсен, чие истражување помогна да се открие нова класа лекови за дебелина.
Светлана Мојсов е ќерка на Лазар Мојсов, дипломат и државник. Родена е во Скопје во 1947 година. Завршила студии по физичка хемија на Природно-математичкиот факултет во Белград. Се запишала на постдипломски студии на Универзитетот „Рокфелер“ во 1972 година, каде останала до денес.
Наградата „Ласкер“ е високо ценета во областа на биомедицината. Годинашната награда за клиничко медицинско истражување им припадна на Мојсов, Хабенер и Кнудсен за нивната работа на GLP-1, хормонот што доведе до производство на лекови како Wegovy (истото соединение е основа за Ozempic), кои влијаат на намалување дебелината. Секој од тројцата наградени научници играл клучна улога во пронаоѓањето на новиот хормон; наоѓање на биолошки активна пократка форма на GLP-1; и, конечно, покажувајќи дека пократката форма предизвикува губење на тежината.
– Како што речиси секогаш се случува во науката, многумина други исто така одиграа клучни улоги. Д-р Мојсов, го добива признанието кое многумина го сметаат за одамна задоцнето – пишува „Њујорк тајмс“.
Приказната за GLP-1 започнува со д-р Хабенер, ендокринолог кој во средината на 1970-тите во Општата болница во Масачусетс почнал да работи на дијабетес. Најголемиот дел од фокусот бил ставен на инсулинот, кој го намалува нивото на шеќер во крвта. Но, постои уште еден хормон, глукагон, кој го крева нивото. Хабенер решил да се обиде да го пронајде генот за глукагон, надевајќи се дека на тој начин ќе се потисне хормонот и така да се намали шеќерот во крвта.
Ноз работата тој открил ген за уште еден мистериозен протеин кој наликува на глукагон.
Во 1983 година, друг научник, Грем Бел од корпорацијата Chiron, го пронашол истиот мистериозен протеин кај хрчаците и го нарекол пептид-1 сличен на глукагон, или GLP-1.
Младата научничка од Општата болница во Масачусетс, д-р Мојсов, била заинтригирана од GLP-1. Таа сфатила дека откако бил направен GLP-1, бил исечен од ензимите во клетката за да се добие во форма која била биолошки активна. Но, каде бил исечен и каде во телото е пронајден активниот протеин?
Д-р Мојсов препоставила врз основа на нејзиното длабоко познавање на хемијата на протеините, дека првите шест аминокиселини од протеинскиот синџир биле исечени по создавањето на GLP-1. Потоа таа ги докажа своите претпоставки користејќи, за тоа време, многу софистицирана хемиска методологија. Потоа ја синтетизирала оваа пократка молекула, активната форма на GLP-1. Секга требало да открие каде е во телото? Открила дека се излачува во цревата.
Соработувајќи со д-р Гордон Веир и други во лабораторијата на Хабенер, Мојсов откри дека GLP-1 делува само на клетките на панкреасот што произведуваат инсулин и дека одлично го регулира шеќерот во крвта.
– Гордон ми се јави и ми рече: „Нема да верувате колку е ова активно“, се сеќава таа. „Многу, многу мали количини сè уште го стимулираат производството на инсулин. Никогаш порано не сум го видел тоа – пренесува „Њујорк тајмс“.
Последната возбуда, вели таа, била кога колегата, д-р Дејвид Натан, го внел нејзиниот GLP-1 на пациентите. Тој ѝ дал примероци од крв од пациентите за анализа. Некои добиле GLP-1, а други не. Било апсолутно јасно кои пациенти примиле GLP-1.
– Ова ќе биде лек – прокоментирал нејзиниот асистент.
Но, имало еден проблем: GLP-1 траел многу кратко во телото, околу три минути. Никој во тоа време не размислувал за дебелината.
Тоа се смени кога Лоте Бјер Кнудсен, истражувачка за „Ново Нордиск“, видела научен труд од д-р Стивен Блум објавен во 1996 година, во кој евидентирал дека кога инјектирал GLP-1 во мозокот на стаорците, тие го изгубиле апетитот.
Молекулите на GLP-1, сфатила таа, имале ефект – губење на тежината – кој бил одделен и различен од нивниот ефект врз шеќерот во крвта. А тој ефект би можел да се докаже само ако се направи хормонот да трае подолго.
Таа почнала да работи, спојувајќи го GLP-1 со масна киселина која се врзува за албумин.
Резултатот бил лираглутид, лек кој траел 13 часа во телото. На почетокот „Ново Нордиск“ го тестирал како третман за дијабетес. Но, д-р Кнудсен инсистирала да се тестира одделно како третман за дебелина.
Целиот текст на „Њујорк тамјс“ на линкот.
Насловна фотографија: Принскрин