Средношколецот Никола Спировски го освои првиот златен медал за Македонија на 39. Балканска математичка олимпијада (БМО) која се одржа во Аргос, Кипар. Нашиот шестчлен тим освои четири медали и две пофалници. Сребро освоија Дамјан Давков (единствениот основец во нашата репрезентација) и Јан Стојановски, а Алексиј Тасиќ освои бронзен медал. Јасна Илиева и Блаже Суклевски освоија пофалници.
– Вреди да се напомене дека екипата оваа година го постигна најголемиот екипен успех со освоени 118 поени – соопштија од Сојузот на математичари на Македонија кои го организираа учеството на нашиот тим.
Лидери на тимот беа Никола Велов и Петар Филиповски.